Првиот блок на РЕК „Битола“ е исклучен поради сервисни активности

Првиот блок на РЕК „Битола“ од денеска е повторно исклучен. Во соопштението што утринава „Електрани на Северна Македонија“ (ЕСМ) го испратија до медиумите се вели дека блокот е исклучен поради сервисни и ремонтни активности и интервенции што се вршат во цевководниот систем на постројката.

Според ЕСМ, се очекува блокот повторно да биде вклучен на мрежа во следните 24-48 часа.

„Поради енергетската криза во која се наоѓа земјата и потребата од постојано и зголемено производство на електрична енергија, ремонти и санација на блоковите не се изведуваат како што вообичаено се прави тоа, со застои на производствениот процес на блок во период од 60 до 90 дена. Сите неопходни зафати во овој период се прават кога се апсолутно неопходни или кога ќе се укаже можност за тоа“се наведува во писменото соопштение на АД ЕСМ.

Во соопштението испратено до медиумите, од ЕСМ најавија дека следната недела ќе се вршат ремонтни активности на вториот блок, а дотогаш, како што велат, Блок 2 и Блок 3 на комбинатот работат без проблем.

Блок 1 на РЕК „Битола“ последно беше исклучен кон крајот на минатиот месец, исто така, како што информира тогаш ЕСМ, поради интервенции во постројката

Back to top button
Close