Првиот човек на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, 38-ми најбогат човек во регионот


Листата на 100-те најбогати во регионот е реализирана во соработка со водечките медиуми во регионот: словенечкиот дневен весник Фајненс (и порталот Фајненс менаџер), хрватскиот економски неделник Лидер, босанскиот неделник Дани (Ослобоѓење) и реномирана медиумска куќа од Северна Македонија, која сакаше да остане анонимна
Првиот човек на „Алкалоид“ Живко Мукаетов е рангиран на 38-то место во регионот според богатството. На листата од 100 најбогати лица во регионот што ја состави српскиот весник „Недељник“, Мукаетов со проценети над 650 милиони евра капитал се најде на 38-то место на листата милионери од регионот.

Инаку, „Недељник“’ на својата интернет страница денеска ја објави листата на најбогати лица од регионот рангирани од 31-40 место.

Листата од 100 најбогати е составена во соработка со медиуми од регионот, како и со две њујоршки консултантски куќи. Рангирањето не е создадено според пари кои ги имаат богатите, туку според вредноста на нивниот капитал и проценетата вредност при евентуална продажба, нагласуваат од „Недељник“.

Во овој дел од листата на 100 најбогати во регионот, доминираат бизнисмени од Хрватска и Србија но има и една бизнис империја од БиХ, семејството Хастор.

Листата на 100-те најбогати во регионот е реализирана во соработка со водечките медиуми во регионот: словенечкиот дневен весник Фајненс (и порталот Фајненс менаџер), хрватскиот економски неделник Лидер, босанскиот неделник Дани (Ослобоѓење) и реномирана медиумска куќа од Северна Македонија, која сакаше да остане анонимна.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close