Првиот човек на АРМ на работни средби со лица од Пентагон

Началникот на Генералштабот на Армијата на Република Северна Македонија, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски од денеска до 9 март престојува во работна посета на САД, како дел од програмата за билатерална соработка.

Како што соопшти Генерал штабот на Армијата за време на престојот во САД, генералот Ѓурчиновски ќе ги посети Здружениот штаб на вооружените сили на САД во Пентагон, Националната команда за управување со кризи во Бурлингтон, Вермонт, Командата на ВС на САД за опремување и вооружување, како и компанијата Ошкош во Детроит и Форт Левенворт.

Согласно агендата предвидено е генералот Ѓурчиновски да оствари средби на високо ниво со раководители во Пентагон меѓу кои со претседавачот на Здружениот штаб на ВС на САД, генерал Марк Мејли, началникот на бирото на националната гарда на САД, генерал Даниел Хокансон, како и со командантот на Националната гарда на Вермонт генерал-мајор Грегори Најт.

На генералот Ѓурчиновски при посетата на Командната и генералштабна академија во Форт Левенворт, на церемонија за инаугурација ќе му биде оддадено признание со прием во „Куќата на славните“, кое се доделува на значајни личности кои се школувале на оваа висока воена институција, се наведува во соопштението.

Back to top button
Close