Првиот пациент со ебола во Франција оздраве и е пуштен од болница

Првиот пациент кај кого во Франција беше потврдена ебола успешно се опорави и е пуштен на домашно лекување, соопшти француската министерка за здравство Стефани Рист.

Таа изјави дека пациентот бил отпуштен од болница по два негативни ПЦР-теста, со што е потврдено неговото закрепнување.

Станува збор за хуманитарен лекар кој на 23 јуни пристигнал во Франција со лет од Демократска Република Конго. При качувањето во авионот имал блага главоболка, но неговата здравствена состојба се влошила за време на патувањето. Веднаш по пристигнувањето бил изолиран, а пет лица кои биле во можен контакт со него поминале 21 ден во домашна изолација како мерка на претпазливост.

Според министерката, пациентот имал само благи симптоми и бил лекуван во согласност со сите здравствени протоколи.

Инаку, еболата предизвикува хеморагична треска, која често има смртоносен исход. Во Демократска Република Конго епидемијата сè уште трае, а според последните податоци досега однела најмалку 452 животи, објави Скопје1.мк

Back to top button
Close