Првиот тест на новинарката Душица Мрѓа негативен

Фејсбук статус на новинарката Душица Мрѓа која е во изолација по дебата на која присуствуваше и Мухамед Зекири кој е позитивен на Ковид-19:

Негативна 😊

По препорака на епидемиолозите останувам во самоизолација до втор негативен тест на 14 ден.

Добро сум и целиот овој период бев добро.

Од срце благодарам на сите за грижата и подршката за мене и моето семејство,ми значи премногу во ова време-невреме.

На сите кои се борат со Covid 19 посакувам што побрзо да се изборат со болеста и да немаат никакви последици.

На сите кои во изолација ја живеат неизвесноста,им посакувам трпение и негативен тест.

Бидете одговорни и грижете се за сопственото и здравјето на своите најблиски,никој нема тоа да го направи за вас.

Бидете живи и здрави!

Back to top button
Close