Првите дами заедно готвеа и пакуваа храна за ранливте категории
Полскиот претседател Анджеј Дуда и неговата сопруга Агата Корнхаузер-Дуда изминативе два дена беа во посета на Македонија.
Елизабета Ѓорѓиевска заедно со Агата Корнхаузер-Дуда готвеа и пакуваа за „Ретвитни оброк“, кои се наменети за социјално ранливите лица.
Таа сподели на својот Фејсбук профил дел од атмосферата, па ѝ се заблагодари на Агата Дуда за поддршката.
„Со личен пример да помогнеме во промена на колективната свест и поттикнување на јавната одговорност кон ранливите категории“, напиша таа во објавата