Прво да го видиме предлогот за кревање на бугарското вето па ќе дадеме став, кажа Oсмани во Oхрид

Прво треба да видиме предлог усогласен од сите земји-членки и да дадеме одговор на нашата позиција на таквите предлози. Ние сме и во внатрешна координација, одговори министерот за надворешни работи Бујар Османи на новинарско прашање дали е запознаен со францускиот предлог за кревање на ветото од Бугарија за пчеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

„Нашата позиција е дека ќе коментираме и дека ќе дадеме наши ставови откако предлогот ќе биде доставен меѓу земјите-членки или ќе коментирмаме став што ќе има поддршка од сите земји-членки, мислам дека тоа е најправичниот начин да комуницираме“, рече Османи.

Тој кажа ека земјава е подготвена да го следи патот што го трасира француското претседателство.

„Ако Франција оцени дека оваа внатрешна ситуација во Софија дозволува тие да продолжат со други чекори да се фати овој воз во јуни, ние треба да сме дел од овој процес кога ќе има став координиран од сите членки на ЕУ. Ние сме подготвени да ги продолжиме разговорите, но очекуваме предлог што е унифициран од сите земји-членки“, рече Османи кој потенцира дека тој не би се откажал за можно решение во јуни, но, како што рече, се очекува насока од француското пртседатество во наредните денови.

Според него, сложената внатрешна политичка ситуација во Бугарија е причина што нема бугарски претставник на Преспа Форумот за дијалот што почнува вечерва во Охрид.

Извор:СДК.мк

Back to top button
Close