Прволигашки фудбал во Кавадарци
Со натпреварот што се игра попладнево во Кавадарци продолжуваат дуелите од првото коло од Првата фудбалска лига. Екипата на Тиквеш го пречекува Работнички, а почетокот на натпреварот е во 17:30 часот.
На претходно одиграните натпревари од првото коло беа постигнати следниве резултати:
Шкендија – Шкупи 5:1
Вардар – Пелистер 4:1
Струга ТЛ – Македонија ЃП 2:0
Башкими – Арсими 1:1
Дуелот во Кавадарци е претпоследен натпревар од првата рунда, додека последниот се игра утре (понеделник) во Кратово каде Силекс е домаќин на АП Брера.