Првото виртуелно ИТ германско-македонско Б2Б партнерство ќе се одржи во јуни

– Делегацијата на Германското стопанство во земјава денеска соопшти дека во тек се подготовките за првото виртуелно „Германско-македонско ИТ – Б2Б партнерство“ што се организира во соработка со Стопанската комора за информатички и комуникациски технологии – МАСИТ.

Целта е да се промовира соработката меѓу македонските и германските компании од ИТ секторот.

– Северна Македонија е одлична алтернатива за компании во чиј стратегиски развој е предвидено аутсорсирање на услуги. Во земјата има голем број ИТ специјалисти кои за своите услуги не наплатуваат саaтници според тарифите во Западна Европа, туку мошне пониски, но истовремено поседуваат високи квалификации. Компаниите од Германија кои би сакале да ги вклучиме во ова виртуелно делегациско патување се од индустрискиот сектор, како и компании кои се дел од финансискиот сектор, но веќе користат услуги од македонските ИТ експерти, наведуваат организаторите.

Виртуелната конференција, како што стои во денешната информација, планирано е да се одржи на 1 јуни, а состаноците меѓу компаниите ќе траат неколку недели почнувајќи од 2 јуни.

Back to top button
Close