Пржински хаос – втор пат

Пржино, едно скопско градско маало (синоним на едно бачко село во Војводина, Караѓорѓево, каде Тито некогаш ги дисциплинираше непослушните републички раководители) во 2015 стана место каде странските медијатори, олеснувачи, инструктори, професори ги научија нашите политичари (кои секојдневно позираа пред тлевизијските камери) како се води држава, како треба врвните политичари во случај да ја злоупотребиле функцијата да одговарат пред (не)партискиот суд, како да одржиме фер и демократски избори и многу други работи.  Под диригентската палка на Петер Ванхауте, белгиски медијатор, „славната македонска политичка четворка“ на 02 јуни 2015 се заколна дека ќе го стави интересот на државата на прво место и ја повтори нивната определба за истрајност во евро-атлантските процеси и за почитување на демократските принципи и норми. Но така никогаш досега тоа не било. Тоа била лажна нивна изјава.

Пржино измислуваше разни непотребни владини институции: технички премиер, технички министри, дополнителни министри, помошници на заменици на министри, министри над министри и дополнителни министри под министри и така натаму. Балканско-европски глупости!

Неодамна за време на конференцијата на НКЕУ во Скопје мака мачев да му објаснам на еден советник на ЕК и претседател на италијанското европско движење Пјер Дастоли што е тоа Пржинска влада оти тој климнаше со глава и ми велеше: Не, не не можам да го разбирам тоа. Во Европа нема таква влада.

Пржино измисли специјална обвинителка без доволно искристализирани правни инструменти која накитена со големите привилегии  што ги уживаше и авторитетот што го уживаше меѓу народот,се засрами себеси и нацијата, исто како и земјата во која главен судски процес скоро цела една година беше екстравагантниот протагонист со италијански бренд наочари, Boss  и други бренд алишта „Боки 13“ , со  неговата ташна со „милиони евра„ од која еврата „самоиницијативно„ побегнале од ташната и никој не можеше да ги најде. 

Што вреди празна ташна без евра!

 Се  што  беше корупција и економски криминал   се замолчуваше и ги чекаа фамозните измени на кривичниот законик на проевропската влада. Сите тие кои Јанева, Фетаи и Ристоска  ги гонеа под сомнение дека сториле тешки кривични дела , паднаа под владината„општа  амнестија„ преку укинување на член 353 за злоупотреба на службената положба и 394 од кривичниот законик за злосторничко здружување , прекрасен подарок за моќниците од страна на „народната проевропска власт„ .

Пржино  треба да оди во историја, без никакво сомнение, само времето треба да се погоди кога. И не е важно кога: на сегашни или наредни избори. Поефективно ќе беше сега на овие избори. Моќниците не го дозволија тоа!

 Сега не можело затоа што СДС го ветил за прв премиер  „Албанецот од ДУИ„ кого ВМРО не го сакаше и не го гласаше. Останува да се види дали сторијата ќе има  happy end или не.

Времето покажа дека дуетот  СДСМ-ДУИ биле во право за првиот сто дена ДУИ технички Албанец. Тој се покажа вистински активист: посети неколку подрачни единици на МВР-СВР, ги искара административците оти лошо работеле и така ја налути јавноста и техничкиот министер Ташковски, лекарските екипи во Гостивар го причекаа „на мирно„ се самоодликува во Тетовски Универзитет и плус раководи со раштиманиот оркестар на владата.

Од сето тоа една дилема сепак остана: дали Пржино беше резултат на корумпирана демократија , како во една колумна се изјаснува еден познат професор, или корумпирани институции  од почетокот на независноста  заклучно со актуелната власт?

Или дали се спасивме од тие корумпирани институции и наместо здрави, за време на новата „демократска„ власт создадовме уште покорумпирани институции и политичари?

Шарената Револуција и жолтото комбе

Историјската наука не учи дека револуциите по правило секогаш се црвени оти самиот збор револуција е антоним на зборот еволуција. Таа наша македонска „револуција„ на Зоран Заев во 2014  не личеше на Револуцијата на Ленин кога се создаде СССР, ниту пак на Револуцијата на Тито после која во АВНОЈ се удрија темелите на СФРЈ. Македонската делегација, како секогаш несреќна: поради големиот снег не успеа да стигне во Јајце! Затоа денеска го славиме АСНОМ, им објаснувам јас лаички на младите, затоа АСНОМ е вметнат во преамбулата на Уставот!

Мојот ценет другар од амбасадорите го искористи моментумот и ги предлагаше Заев и Ципрас за можни добитници за Нобелова награда на мир. Но, не успеа.

На оваа идеја се спротивстави  тогашниот грчки опозиционер Кирјакос Мицотакис, сегашен грчки премиер. Тој им„се закани „на Швеѓаните со остри зборови: ако ги наградите нив со Нобел, јас нема да го признаам Преспанскиот договор. И така пропадна таа благородна идеја на мојот колега.

После досегашната жестока дебата за внесување на Бугарите во Уставот под бугарски диктат искрено се надевам дека  ВМРО  токму на  8 мај, на Денот на Европа, после  најавената победа  на претседатњлски и  парламентарните избори, ќе го промени нејзиниот политички курс од „про руски „на проевропски. И ќе ги гласа бараните уставни измени!

Сепак  од владини извори  од саглам Владата (демек не од техничката!) дознавме дека во кабинетот на владата на  екс премиерот Таче  стигла и „барањето„ на Заев и Ципрас  дел од уставните измени во Преамбулата  да биде и Преспанскиот Договор кој   заедно со Охридскиот  ќе бидат историјски доказ дека Македонија е земја на мултиетнички договори и тоа да биде за пример како се решаваат меѓусоседските недоразбирања според критериумите на Копенхаген.

Што се однесува до ово владините колумнисти (кои секој ден ги гледаме на телевизија) на екс премиерот тоа не му го препорачуваат затоа што тогаш е можно грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис да  побара од Македонија, алијас Северна, да се формира заедничка историјска комисија да се утврди дали Ципрас  бил македонски  Грка, Северен, или антички Македонец ?!

Дополнителен услов е двајцата да го поминат меѓународниот ветинг на судии и политичари .

Горди  што живеевме и творивме за време на Револуцијата

Беше „гордо„ да се живее во Заево време: секое послепладне се собравме пред владата и тргнавме кон министерството за правда со паролата „нема правда, нема мир„, фрлавме молотови коктели пред државните институции на корумираната власт на фамилијата. 

И кога го запаливме станот на екс претседателот Ѓорге тогаш го налутивме да таа мерка што тој со еден декрет ги амнестираше сите владини  функционери и еден од опозицијата без негово знаење!

За волја на вистината една од најактивните „жолти револуционерки„ професорката Најчевска нејзиното „аздисување  „по државните институции го плати со парична казна, или модерно речено глоба.

Тогаш беше вистинско задоволство да го чекаш закажаното време за прес во 14.30 на врхушката на СДСМ Заев, Спасовски, Шилегов и групата позади на слика како „фрла бомби„( како некогаш  Бошко Буха, како млад партизан, против непријателските војници) против Груевски и Фамилијата, за да па неколку часа подоцна во хор се појавуваше тројката Катица , Фатиме  и  Ленче (подоцна дознав дека Ленче ми била сограѓанка, од Тетово) како на студентските ораторски вечери со прекрасна ораторска вештина

-ОЈО се сомнева дека членот на Фамилијата  X.X (секое мешање со твитер е погрешно!)направил „злосторничко здружување„ со другиот член на фамилијата Y.Y за тешко кривично дело злоупотреба на должноста и ќе се казни по член 353 и 349. 

Обвинителството  ги приложува како доказ  „бомбите„ на Заев; „постојат докази дека делото е направено со жолто комбе „управувано„ од страна на шефот на тајната служба.

Потоа продолжуваат тие: „Предистражните дејствија покажуваат дека често  пати ноќум и Груевски го управувал жолтото комбе и поминал до Бихаќка  и  го прислушкувал што лошо зборува Заев против него. И ово траеше се додека Груевски  на „покана„ на неговиот унгарски другар Орбан  отиде „сурѓун„ во Будимпешта и таму отвори„консултатнска„ фирма.

Замислите зли душите раскажуваат дека Груевски на патот преку Албанија до Будимпешта не се возел со жолтото комбе туку со колата на  активист од коалициониот партнер, негов близок пријател!

Истиот близок пријател на Груевски, според  најновите информации на Мицковски, во Кабинетот на шефот на државата, предложил да го амнестира Груевски . Шефот на ово „обвинување„ на Мицковски реагираше дека долг е списокот на вмровци кои од време на време пиеле чај со претседателот и ако Мицковски тоја ќе го побара таков список ќе му достави пред 8 мај оваа година.

И ово театарска претстава на „бомбите„ на Заев траеше сé додека Али го „повика на рапорт Заев„ да му објасни дека некој од албанската дијаспора почна  да објавува прислушкувани бомби за Али и за коњот на  Шемо. 

Тогаш бидна узбуна во коалиционата влада. Власта се пишмани од сопствените бомби и со европско знаме донесе закон дека кој што ги објавува истите „бомби„ (на Заев )со кои се обвинуваа за зло дела експонenти на поранешната опозицијата а сега власт, ризикува дводедениски затвор.

Заев отиде. Сега нема „бомби„ нема веќе обвинети или затвореници за едно дело 10 години затвор за другото 5, за третото…за петтото12 или вкупно 12 години според највисоката казна. 

Владата на Таче јуниор предложи а пратениците на власта и опозиција ги изгласа фамозните измени на кривичниот законик. И одиме во Европа со 2030 километри на саат!

Така според Груби: Речено,сторено! 

Сега сите се на слобода  само Катица Јанева дење е на работно место  кај работилницата на нејзиниот син тивко размислува : чесниот граѓанин никогаш  не треба  да го врзи својот  коњ на ист стожер со политичарите!!!

Мухамед Халили

 

Back to top button
Close