„Психосоматски импресии“ изложба на Панче Ѓоргиев

Од денеска до 31 јануари 2022 година во галеријата  „Метаноја“  во Скопје ќе биде поставена изложбата „Психосоматски импресии“ на Панче Ѓоргиев.

-Овој опус на дела на Панче, кого го познаваме низ повеќедецениско творештво, пројавува безрезервно и беспоштедно разголување на душата. Ова е пример на мирувањето и раздвижувањето доведени до крајни граници. Парадоксот е ставен на драматичен тест. Контемплативниот и интровертен лик или образ на Панче, сета онаа воздржаност, притаеноста и економичноста со зборовите, на белите платна се изразени преку молњи и громови. Мирувањето на духот се манифестира преку раздвижување на раката на уметникот, вели рецензентот Коста Милков.

Back to top button
Close