ПСЖ сака да потпише доживотен договор со Енрике

Раководството на актуелниот европски првак ПСЖ сака да потпише доживотен договор со тренерот Луис Енрике, објави шпанскиот весник „АС“.
Шпанскиот стратег го презеде парискиот клуб во летото 2023 година и има договор до 30 јуни 2027 година.
Под водство на 55-годишниот Енрике, францускиот клуб освои шест трофеи во 2025 година, вклучувајќи ги Лигата на шампиони, Суперкупот на УЕФА и Интерконтиненталниот куп на ФИФА.
По 16 натпревари оваа сезона во француската лига, ПСЖ е второпласиран на табелата со 36 бодови






