Пуфки или прогрес
Ана Чупеска
Нашата земја се наоѓа на крстопат. Среде една нова глобална динамика во која има пораст на разни суверенизми ( национално затворени енклавизирани држави); кога се усојузуваат и авторитарните алијанси.
Во ова време, најпрво, се сатанизираат највисоките цивилзациски политички придобивки, т.е.се скандализираат важните демократски субстрати, а наместо нив се продаваат популистички пуфки.
Ниски и плитки.
Македонија не е имуна на овие текови, па, се чини, како да сме заробени повторно во магепсан круг на партизацијата, непотизам, нееднаквост и авторитаризам.
Секојдневните промашувања и негрижи, Власта ги продуцира со брзина на светлината, се до нивна конечна нормализација. До отапување.
Политичарите на ДПМНЕ ветува големи промени, но, реалноста секој ден ги демантира.
Тоа е од многу причини, меѓу кои , и базичната некапацитираност на секое поле.
Видливи се нивните намери, концентрани само на грижата за своите лични и партиски интереси.
Народот страда, на улиците, во маркетите, во ладните домви, со високите сметки за струја и парно…
Додека тие се богатат, слугивајќи им на уште побогатите од нив. Една мала група лукративни егоцентрици, стануваат уште попривилегирани од тоа што веќе беа.
Ним не им одговара регулативата на ЕУ, контролите на ОЛАФ, оти, посигурно се сее маглата таму кај што нема контрола на влез и излез, и на квалитет.
Но, ни една лага не е толку силна, кога е соочена со фактите на реалноста.
Реалноста е : сиромашен и измрцварен народ.
Народ, кој веќе нема трпение.
Овој народ мечтаеше за достоинство, а наместо тоа доби високи сметки и намалени плати.
Време е да почнеме со создавање на општество во кое сите ќе имаат еднакви шанси за успех, ќе бидат еднакви по однос на секој статус.
Општество на солидарност и на почит.
Што треба да направиме?
1.Да ја зајакнеме демократијата и системите на кочници и рамнотежа, поделбата на власта, незвисните тела и граѓанското општество.
Без Демократијата нема ни прогрес.
Мора, имено, да ги заштитиме нашите демократски институции и принципи.
Во Уставот се тие гарантирани.
2. Нееднаквоста, исто така е еден од најголемите проблеми на нашето време и затоа еднаквоста мора да биде важно адресирана, слично како и животната средина, која е наш најголем заеднички ресурс. Неа, мора да си ја сочуваме, да ја заштитиме.
Како можеме да се дојде до ова?
* Со активно учество во политичкиот живот.
* Со поддршка на прогресивни политички партии и организации.
* Со гласање на избори за луѓе кои се борат за интересите на народот.
* Со кревање на гласот против неправдата.
Нашата земја може да биде подобро место за живеење.
Но, тоа нема да се случи само од себе.
Треба да се бориме за тоа.
Да се обединиме и да создадеме прогресивно демократско општество во кое сите ќе бидат еднакви и ќе имаат шанса да успеат.