Пукање на Бит Пазар. Дојдоа и се пукаа меѓу себе,велат очевидци
Попладнево имало пукање во близина на Бит Пазар.
Неофицијално, се сомнева дека има една жртва.
Пукањето се случило во близина на Полициска станица Бит Пазар.
На терен има дополнителни полициски сили.
Според првичните информации, повредена е и жена, минувач
„Двајца пукаа еден кон друг! Полно деца имаше долу, си играа“, изјавиле жители на маалото за ТВ21.
„Двајца меѓу себе пукаа“, рече друг жител.
„Од друго место дојдоа, и пукаа пред куќите“, додаде трет жител за ТВ21.