Пукање пред Белата куќа во САД
Неидентификуваниот маж се упатил пеш кон познатата авенија Пенсилванија, каде што агентите на Тајната служба го пронашле веднаш по полноќ.
Дошло до „вооружена пресметка“ кога мажот извадил огнено оружје. Агентите на тајната служба биле принудени да отворат оган врз мажот, кој потоа бил пренесен во локална болница, соопшти агенцијата.
Ниту еден член на Тајната служба не е повреден, се вели во соопштението на агенцијата.
Американскиот претседател Доналд Трамп во моментот на пукањето престојувал на својот имот Мар-а-Лаго на Флорида.
Се верува дека мажот пристигнал од Индијана во главниот град во саботата, поради што локалната полиција ја известила Тајната служба.
Засега не се знае кои биле неговите мотиви, ниту дали имал намера да направи нешто. Истрагата за пукањето ја води Одделот за внатрешни работи на полицијата во Вашингтон.