Пукање во бар во Минесота, убиена е девојка, има 14 ранети, а напаѓачите се во бегство

Пукањето се случило петнаесет минути после полноќ, а според првичните информации, го извршиле неколку напаѓачи

 

Дваесет годишна девојк е убиена, а 14 лица се поведени во оружен напад во бар во американскиот град Сент Пол, во државата Минесота.

Пукањето се случило петнаесет минути после полноќ, а според првичните информации, го извршиле неколку напаѓачи. Соред локалната поиција, повредените не се во животна опасност, но се наоѓаат во болница.

„Во еден момент тие се најдоа во пеколна ситуација. Ги имаме најдобрите истражители во земјата и нема да застанеме додека не откриеме кој е одговорен за ова лудило“,

рече шефот на полицијата Тод Акстел.

Back to top button
Close