Пукање во САД, има мртви и повредени: Напаѓачот е во бегство
Три лица загинаа, а 14 се повредени во масовно пукање што се случи денеска во американската сојузна држава Ново Мексико, соопштија локалните власти.
Престрелката се случила во парк во градот Лас Крус околу 22 часот по локално време, објави полицијата на Лас Крус на социјалните мрежи.
Никој не е уапсен, но полицијата вели дека „активно следи повеќе траги“.
Полицијата соопшти дека во престрелката загинале двајца 19-годишници и еден 16-годишник. Наводно, пукањето се случило на состанок на ентузијасти на модифицирани спортски автомобили.