Три деца се повредени во пукањето во училиште во Финска

Три деца се ранети во пукање кое утрово се случило во училиште во градот Вантаа во Финска, соопштила полицијата, јавуваат светските медиуми. Според соопштението, полицијата интервенирала во училиштето „Виертола“ нешто пред 9 часот според локално, односно 7 часот според средноевропско време, повикувајќи ги локалниоте жители да останат во своите домови, пренесува Би-би-си.

 

Според првичните информации, полицијата го уапсила осомничениот за пукањето, кој како што се дознава, е малолетно лице, но нема информации дали е ученик во истото училиште.

Училиштето во кое се случил вооружениот инцидент, како штоп наведува британскиот национален сервис, има 800 ученици и 90 вработени.

Очевидци за финската национална телевизија – ЈЛЕ (YLE) ијавиле дека виделе две возила на итната помош како го напуштаа местото на настанот

Back to top button
Close