Пукале со гасни пиштоли на свадба во Рашче, приведени се две лица

На 06.08.2025 во с. Рашче, скопско, полициски службеници од ПС Ѓорче Петров ги лишија од слобода Е.К. и Б.К. од с. Рашче.

Околу 22 часот во СВР Скопје е пријавено дека се слушаат истрели во селото, по што веднаш се преземени соодветни мерки и активности и утврдено е дека Е.К. и Б.К. со гасни пиштоли пукале на свадба.

Тие се приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци

Back to top button
Close