Пукано врз автомобилот на хрватскиот главен државен обвинител Иван Турудиќ

Врз автомобилот на судијата на Вишиот кривичен суд и новоименуваниот главен државен обвинител на Хрватска, Иван Турудиќ, било пукано, неофицијално дознава „Јутарњи лист“.

Според информациите кои ги објави весникот, засега не се знае кој и кога пукал врз неговото возило.

Омено, се тврди дека Турудиќ забележал дупка на автомобилот и го однел на сервис. Потоа автомеханичарите пронашле куршум во возилото, па станало јасно дека некој пукал врз неговото возило.

Турудиќ веднаш пријавил во полиција, која веднаш почнала истрага во врска со случајот.

Back to top button
Close