Пукнатина на шина – веројатна причина за железничката трагедија во Шпанија

Официјалната истражна комисија во Шпанија идентификуваше пукнатина на шина како можна причина за тешката железничка несреќа во јужниот дел на земјата, во која животот го загубија 45 лица.

Трагедијата се случи во неделата навечер при судир на два воза со голема брзина во близина на градот Адамуз, во андалузиската провинција Кордоба. Во несреќата се повредени повеќе од 120 лица, од кои дел се во критична состојба.

Според првичните информации, последните вагони на воз на компанијата „Ирио“ (Iryo) излетале од шините и завршиле на соседниот колосек. Во нив удрил воз на „Ренфе“ (Renfe) кој доаѓал од спротивната насока со брзина поголема од 200 километри на час.

Шпанската комисија за истрага на железнички несреќи (CIAF) во петокот објави прелиминарен извештај во кој се наведува дека се пронајдени оштетувања на површините на тркалата на возот на „Ирио“. Овие засеци и забележаната деформација на шините сугерираат дека шината била пукната уште пред поминувањето на возот.

Слични оштетувања се откриени и на тркалата на три други воза кои поминале на истата делница непосредно пред несреќата.

Примероци од шините се испратени во металографска лабораторија за да се утврди точната причина за дефектот. Комисијата нагласи дека истрагата продолжува и дека сè уште не се исклучуваат други хипотези за причините за несреќата.

Back to top button
Close