Пукотници помеѓу познаници во Сингелиќ, едно лице повредено

Вчеравечер, едно лице од Скопје било донесено во Клиничкиот центар во Скопје, откако пријавил дека бил повреден од огнено оружје од три лица кои тој ги познавал.

„На 18.05.2022 околу 19.30 часот во СВР Скопје, од Комплексот клиники „Мајка Тереза“ било пријавено дека со повреди кај нив бил донесен Л.М.(50) од Скопје. Полициски службеници излегле на местото и во разговор со нив, Л.М. пријавил дека околу 19.00 часот на улица „28“ во Сингелиќ бил нападнат од три лица, по што Б.Ј., кој го познавал, од огнено оружје испукал неколку куршуми кон него и му нанел прострелна рана на ногата. Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, соопштија од МВР.

Back to top button
Close