Пукотници во кругот на „Газела“ Од МВР информираат дека кај поранешната фабрика се снима филм


Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните на Скопје дека во кругот на поранешна „Газела” се снима филм, при што се снимаат и сцени со пукање, за што, како што потенцираат оттаму, МВР е навремено известено од организаторот.

Министерството за внатрешни работи, апелира до медиумите да не се пласираат непроверени информации во јавноста и за соодветна информација да се обратат до Секторот за односи со јавност.

Back to top button
Close