Пуштен за сообраќај автопатот од наплатна рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правца, кој поради пожар беше затворен за сообраќај

Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека  е пуштен за сообраќај автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, кој поради пожар кој настана попладнево беше затворен за сообраќај.

Претходно АМСМ, информираше дека сообраќајот на патниот правец од Скопје кон патарина Миладиновци од 21:25 часот е нормализиран, додека сообраќајот во спротивниот правец ќе биде пуштен штом се создадат услови.

Поради пожар кој настана попладнево, затворен за сообраќај беше автопатот од наплатната рампа Миладиновци до клучка Бунарџик, во двата правци, а возилата се пренасочуваа кон Петровец. 

Back to top button
Close