Путин ја вакцинирал сопствената ќерка со новата руска вакцина против ковид-19

Русија денеска (11 август)  објави дека ја одобрила вакцината против коронавирусот. Лидерот Владимир Путин ја вакцинирал сопствената ќерка, јави британски Експрес.

Министерството за здравство на Русија потврдило дека одобрување било дадено по помалку од два месеци тестирање на вакцината на луѓе, од страна на московскиот институт „Гамалеја“.

Говорејќи на состанокот на владата пренесуван на државната телевизија, Путин рече дека вакцината, изработена од московскиот институт „Гамалеја“, е безбедна и дека „дејствува доста ефикасно“.

– Знам дека дејстува прилично ефикасно, формира стабилен имунитет и, повторувам, ги помина сите потребни инспекции – нагласил тој и најавил дека е надева дека Русија наскоро ќе почне со масовно производство на вакцината.

Back to top button
Close