Путин: Десетици луѓе околу мене се болни од Ковид-19
Рускиот претседател Владимир Путин, принуден да се изолира поради случаи на коронавирус меѓу оние што стапија во контакт со него, рече дека има „неколку десетици“ заразени со Ковид-19 околу него.
„Ова не е еден, не двајца, туку неколку десетици луѓе“, рече Путин. Тој се извини што не можел лично да присуствва на состанокот и рече дека ќе остане во изолација „неколку денови“.