Путин и Моди разговараа за зајакнување на економската соработка


Претседателот на Русија, Владимир Путин, и индискиот премиер Нарендра Моди се сретнаа денеска во Бишкек на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка (ШОС), каде што разговараа за можностите за унапредување на трговските и економските односи.

Руско-индиските односи се зајакнуваат, и тоа во значителна мера благодарение на големото внимание што индискиот премиер Нарендра Моди го посветува на нивниот развој, изјави Путин, пренесе агенцијата ТАСС.

Путин изрази големо задоволство од повторната средба на двајцата лидери. Според него, Шангајската организација за соработка работи на проширување и зајакнување на врските меѓу земјите од глобалниот југ и исток, на поттикнување на општествено-економскиот и културниот развој на регионот, како и на олеснување на создавањето на праведен и мултиполарен свет.

– Исто така, сакам со задоволство да истакнам дека руско-индиските односи продолжуваат да се зајакнуваат врз принципите на посебно привилегирано стратешко партнерство – додаде рускиот претседател.

Путин истовремено укажа дека за тоа придонесува личното внимание на Моди посветено на развојот на руско-индиските односи, како и нивниот меѓусебен однос, кој не е само деловен, туку и многу топол и пријателски за што рускиот лидер му изрази благодарност на Моди.

Трговската и економската соработка меѓу Русија и Индија покажува позитивни трендови, трговскиот промет е зголемен за повеќе од два отсто, забележа рускиот лидер. Тој исто така наведе дека туристичката размена меѓу Русија и Индија во 2025 година пораснала за 16 отсто.

Дводневниот, 26-ти по ред, самит на ШОС се одржува денеска и утре во Бишкек.

Back to top button
Close