Путин: Мораториум на членството на Украина во НАТО нема да ги реши тензиите меѓу Русија и Западот

Мораториум на членството на Украина во НАТО нема да ги реши тензиите меѓу Русија и Западот, изјави денеска рускиот претседател Владимир Путин, пренесен од ДПА.

Зборувајќи на денешниот состанок на рускиот Совет за безбедност во Москва Путин изјави „ние веруваме дека тоа не е отстапка за нас“.

Русија сака да спречи нејзината соседка да се приклучи кон НАТО и ги повика Алијансата и владата на САД да обезбедат писмени безбедносни гаранции.

Западот ги отфрли барањата на Москва. Русија ги повика САД да ги повлечат своите сили од Централна, Источна и Југоисточна Европа и балтичките земји, пренесува ДПА.

Back to top button
Close