Путин: Москва го поддржува Техеран во неговата нуклеарна програма

Рускиот претседател Владимир Путин за време на денешната средба со претседателот на Иран, Масуд Пезешкијан, изјави дека Москва го поддржува Техеран во неговата нуклеарна програма.
Путин во Ашхабад, главниот град на Туркменистан, разговараше со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, туркменскиот претседател Сердар Бердимухамедов и неговиот ирански колега Масуд Пезешкијан, пренесува РИА Новости.
Според Путин, соработката меѓу Москва и Техеран успешно се развива, вклучувајќи ја и соработката во областа на гасот, електричната енергија и земјоделството.
Во главниот град на Туркменистан, Ашхабат, се одржува Меѓународен форум за мир и доверба. ј






