Путин му ветил помош на белорускиот претседател Лукашенко

 Белорускиот претседател Александар Лукашенко изјави дека Русија се согласила да понуди безбедносна помош во случај на надворешни воени закани, јави денеска Би-Би-Си.

Лукашенко изрази загриженост во врска со воените вежби на НАТО во Полска и Литванија.

Информацијата е во денови кога контроверзниот претседател се соочува со масовни протести околу спорните резултати од изборите на 9 август.

Голем број луѓе се собраа пред државната телевизија синоќа барајќи таа целосно да ги следи протестите.

Протестите треба да продолжат денеска. „Парада на слободата“ е предвидено да се одржи попладнево во центарот на градот.

Back to top button
Close