Путин нареди масовна вакцинација против Ковид-19 во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин нареди почеток на масовна вакцинација против коронавирус во Русија до крајот на следната недела, пренесува РТ.

Лекарите и наставниците први ќе ја примат вакцината.

Руската фармацевтска индустрија е подготвена за обемна вакцинација, бидејќи количината на дози на веќе произведената пионерска антиковид вакцина „Спутник 5“ ќе достигне два милиони во наредните денови, рече Путин.

Русија прави неколку вакцини против Ковид-19, а за првата која е регистрирана, „Спутник V“, нејзините креатори тврдат дека е ефикасна околу 95%.

Регистрирани се 2,3 милиони случаи на коронавирус во Русија, повеќе од 25.000 случаи за еден ден од последниот пресек.

Back to top button
Close