Путин: Подготвен сум да се сретнам со Зеленски
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека е подготвен да се сретне со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
– Подготвен сум да се сретнам со него. Но, дали има смисла да се сретнам, посочи Путин.
Тој постави и услов за средбата со претседателот на Украина.
– Нека Зеленски дојде во Москва и ќе има средба. Ако состанокот биде добро подготвен, јас сум подготвен за него, посочи Путин.