Путин подготвен за размена на затвореници со САД

Русија е отворена за можна размена на затвореници со САД, изјави рускиот претседател Владимир Путин во пресрет на неговата средба со неговиот американски колега Џо Бајден.

– Да, секако, изјави Путин во интервју за Ен Би Си њуз, како одговор на прашањето дали би размислил за размена на затвореници – тема за која е можно да стане збор на нивната средба в среда во Женева.

Путин, исто така, ги отфрли како „лажни“ обвинувањата дека Русија стои зад кибер нападите против САД.

– Каде е доказот?, праша тој. – Ние сме обвинети за секакви работи, мешање во избори, кибер напади и така натаму, и ниту еднаш, ниту еднаш не се потрудиле да презентираат докази, само неосновани обвинувања.

Back to top button
Close