Путин потпиша закон со кој се казнува продажба на енергетски пијалоци на деца

Рускиот претседател Владимир Путин потпиша закон со кој се предвидуваат казни до 5.500 евра (500.000 рубли) за продажба на енергетски пијалоци на деца.

. EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Законот утврдува казни за кршење на правилата за малопродажба на безалкохолни енергетски пијалоци на малолетници. Предвидена е казна до 5.500 евра за граѓаните и правните лица, а до 2.200 евра за службените лица.

Претседателот на руската државна дума, Вјачеслав Володин, претходно изјави дека тој закон ќе биде продолжение на систематската законодавна работа за заштита на здравјето на помладата генерација

Back to top button
Close