Путин: Разговорите „се одржаа во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“

 

Рускиот претседател ја отвори прес-конференцијата по средбата со американскиот претседател Доналд Трамп и нагласи дека разговорите „се одржале во конструктивна атмосфера на меѓусебно почитување“.

„Имавме многу темелни преговори што беа доста корисни“, изјави тој и му се заблагодари на Доналд Трамп за предлагањето на самитот во Алјаска.

Рускиот претседател наведе за заедничката руска и американска историја во Алјаска и вели дека тоа била „логична“ локација за нивните разговори
Путин изјави дека сегашните односи меѓу САД и Русија „паднале на најниската точка од Студената војна“.

Преминувајќи на суштината на разговорите, Путин вели дека Украина била централна тема во разговореите и го повтори својот став дека конфликтот е заради „фундаментални закани за нашата безбедност“.

Тој вели дека Русија е „искрено заинтересирана“ за крај на конфликтот, но за да биде „траен“, тие треба да ги елиминираат „примарните причини за конфликтот“.

„Се согласувам со претседателот Трамп, како што рече денеска, дека природно, треба да се обезбеди и безбедноста на Украина…Секако, ние сме подготвени да работиме на тоа“.

„Би сакал да се надевам дека договорот што го постигнавме заедно ќе ни помогне да ја приближиме таа цел и ќе го отвори патот кон мир во Украина.“

Рускиот претседател ги критикуваше европските лидери, велејќи дека се надева дека нема да го „торпедираат почетниот напредок“.

Back to top button
Close