Путин: Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на вооружените сили

Русија ќе продолжи да го зголемува потенцијалот и борбената подготвеност на сите родови и служби на своите вооружени сили, изјави рускиот претседател Владимир Путин.

. EPA-EFE/SERGEY GUNEEV / SPUTNIK / KREMLIN POOL MANDATORY CREDIT

Во видео обраќање, Путин синоќа им го честиташе на Русите Денот на бранителите на татковината кој се одбележува на 23 февруари.

 

Путин нагласи дека Русија ќе продолжи да ја зајакнува својата војска и морнарица, истакнувајќи дека апсолутен приоритет претставува развојот на нуклеарната тријада како гаранција за националната безбедност.

– Квалитативно ќе го зголемиме потенцијалот на сите останати родови и служби на вооружените сили, ќе ја подобриме нивната борбена подготвеност, мобилност и способност за дејствување во какви било, дури и во најтешки услови-најави Путин

Back to top button
Close