Путин: Словачкиот премиер е подготвен да понуди платформа за преговори со Украина

Рускиот претседател ова го изјави неколку дена откако Роберт Фицо беше во посета на Москва, што е ретка посета на лидер од ЕУ на Русија. Во изјава за медиумите, Путин рече дека за време на состанокот во понеделникот, Фицо рекол дека доколку има преговори, Словаците со задоволство ќе ја понудат својата земја како платформа за преговори

Рускиот претседател Владимир Путин во четвртокот изјави дека словачкиот премиер Роберт Фицо е подготвен да понуди платформа за можни мировни преговори меѓу Москва и Киев за ставање крај на војната во Украина.

Тој ова го изјави неколку дена откако Фицо беше во посета на Москва, што е ретка посета на лидер од ЕУ на Русија. Во изјава за медиумите, Путин рече дека за време на состанокот во понеделникот, Фицо рекол дека доколку има преговори, Словаците со задоволство ќе ја понудат својата земја како платформа за преговори.

Рускиот претседател не го отфрли и додаде дека земјата е отворена за таков предлог.

„Ние не сме против, ако дојде до тоа. Зошто да не? Бидејќи Словачка зазема таква неутрална позиција“,изјави Путин.

Словачкиот премиер Фицо се сретна со Путин – ретка посета на лидер од ЕУ на Москва

Роберт Фицо е еден од ретките европски лидери со кои Путин остана во пријателски односи откако Москва ја започна својата инвазија на Украина во 2022 година, за што беше критикуван од Зеленски и многу западни лидери.

По посетата на Москва во понеделникот, украинскиот претседател го обвини Фицо дека сака да му помогне на Путин да заработи пари за финансирање на војната со плаќање на рускиот гас.

 

Back to top button
Close