Рјабков: Русија го доработи концептот за безбедност во Персискиот Залив

Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Рјабков, денеска изјави дека Русија ја доработила својата идеја за концептот на колективна безбедност во регионот на Персискиот Залив и оти е подготвена да им ја претстави на заинтересираните страни.
Тој наведе дека, покрај подготвеноста да пружи практична поддршка за можниот договор меѓу САД и Иран, Русија ја унапредила својата идеја за колективна безбедност во зоната на Персискиот Залив.
– Сега ќе им ја понудиме на колегите и партнерите. Нашите односи со сите земји од овој регион се позитивни, а имаме и значително искуство во соработката – рече Рјабков.
Според него, дијалогот се води отворено и постои стабилна основа тој процес понатаму да се развива, уште повеќе што сите земји од регионот, од двете страни на Персискиот Залив, разбираат колку е важно да се најде алтернатива за бесконечните кризи и дека регионот не смее да биде во пламен. ј






