Рајан Рејнолдс нуди 5.000 долари за украдено мече со сентиментална вредност

– Канадскиот глумец Рајан Рејнолдс понуди награда од 5.000 долари за украдено мече-играчка, на кое е снимена гласовна порака од починатата мајка на сопственичката.

„Ванкувер, 5.000 долари за оној што ќе ѝ го врати ова мече на Мара. Не прашувајте ништо. Сите ние, ми се чини, сакаме мечево да се врати дома!“, напиша глумецот на Твитер, споделувајќи ја објавата каде што девојката замолува играчката да ѝ биде вратена.

Мечето со касетофон ѝ припаѓа на Мара Соријано, која всушност, не е дете. На него за последен пат е снимен гласот на нејзината мајка. Таа починала лани од рак, а се снимила себеси пред да замине в болница.

Back to top button
Close