Рабиеи: Иран го откри идентитетот на лицата вмешани во убиството на научникот Фахризаде

 

Иранските власти денеска соопштија дека го откриле идентитетот на лицата вмешани во убиството на водечкиот експерт за нуклеарна физика во земјата, Мохсин Фахризадех.

– Иранското Министерство за разузнавање ги откри идентитетите на лицата поврзани со минатонеделното убиство на Мохсин Фахризадех, изјави портпаролот на иранската Влада, Али Рабиеи, пренесе агенцијата Anadolu.

Тој за иранската државна телевизија изјави дека е во тек детална истрага за атентатот и дека Иран ќе преземе чекори во согласност со резултатите од оваа истрага.

Back to top button
Close