Работилница за креативно пишување со деца „Од приказна до реалност“

 Платформата за едукација на деца и млади „Училница“, денеска организира бесплатна, еднодневна работилница за креативно пишување со деца од девет до четрнаесет години.

Работилницата ќе се одржи пред просторијата на „Училница. На работилницата ќе се изведат неколку интерактивни вежби за креативно пишување, со цел поттикнување на досетливо изразување, иновативност и логичко размислување кај децата.

Часот ќе содржи три вежби – „Од збор до збор приказна“, „Како да создадеш книжевен лик со кој не би бил другар?“ и „Кој се плаши од поезија?“. Учесниците ќе научат пишување драматички пресврт, развивање на креативноста и имагинацијата, а ќе биде завршена и работилницата со интерактивна вежба за пишување поезија.

Работилницата ќе ја водат Ивана Смилевска и Марија Бошковска кои ја менторираат Училницата за креативно пишување, а воедно се дипломирани компаратистки на катедрата за Општа и компаративна книжевност при Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Настанот е од отворен карактер, а бројот на деца е ограничен.

Работилница е вовед во целосната Училница за креативно пишување. Училница е платформа за едукација на деца и млади.

Back to top button
Close