Работната група за уставни измени одржа конститутивна седница, Цаца Николовска избрана за претседател, Положани за заменик

Конститутивна седница одржа вчера работната група за подготовка на предлог иницијативата за потребата од уставни измени, за внесување на Бугарите, заедно со другите етнички заедници, што пак е услов за отворење на кластерите во процесот на преговори со Европската Унија. Работната група има 23 членови од кои десет се од редот на експертите, десет се предлози на политички партии и тројца се членови од институции.

Членовите вчера едногласно ги избрале претседателот и заменик-претседателот на работната група кои се од редот на експертите. За претседател е избрана Маргарита Цаца Николовска, поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, а за заменик претседател Бајрам Положани, поранешен судија во Уставниот суд и професор по уставно право.

Од редовите на СДСМ во групата е Цветанка Иванова, Арбр Адеми е од ДУИ, Ремзи Мехмеди од Алијанса на Албанците, Соња Мираковска од НСДП, Нано Ружин од ЛДП, Христа Најданов од ДОМ, Темелко Ристески од Партијата на пензионери, Раметула Куќи од ДПА, Еран Куртиш од Партијата за движење на Турците и Бејџан Илјас од Демократската партија на Турците.

Од институциите Александар Спасов е од Кабинетот на претседателот, Драган Тилев од Секретаријатот за европски прашања и Шпенд Садики од Министерството за надворешни работи.

Од редот на експертите во групата членуваат Сали Мурати – поранешен претседател на Уставен суд, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија во Европскиот суд за човекови права во Стразбур, Бајрам Положани – поранешен уставен судија и професор по уставно право, Бранко Наумовски – поранешен претседател на Уставен суд, Јетон Шасивари – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Ана Чупеска – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Елена Михајлова Стратилати – професор на Правен факултет „Јустинијан Први”, Беса Арифи – професор на Универзитетот на ЈИЕ, Јагода Митревска – професор на Меѓународен Славјански Универзитет и Марија Пандевска – професор на Институт за национална историја.

Опозициските партии, меѓу кои и најголемата ВМРО-ДПМНЕ и покрај повиците од власта, одбиваат да учествуваат во работната група. Остануваат на ставот дека нема да поддржат уставни измени и оти тие нема да бидат донесени за време на овој парламентарен состав.

Почетокот на работата на работната група вчера ја поздравија претседателот на државата Стево Пендаровски и премиерот Димитар Ковачевски, а за неа говореше и шефот на диломатијата во своето обраќање пред членовите на Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ) во Брисел.

Пендаровски истакна дека тој преку својот претставник учествува во работната група за уставните измени и оти со тоа јасно го кажува неговиот политички став, дека е за промена на Уставот со внесувањето на Бугарите во него.

-На средбата со косовската претседателка разговаравме и за можностите за унапредување на правата на Македонците во Косово, во време кога за жал некои странски пропаганди се повторно активиран

– Јас учествувам преку мој претставник и со тоа јасно го кажувам мојот политички став, дека сум за тие уставни измени, сметам дека тие не се нешто страшно за нас и сметам дека државата нема да пропадне ако ги внесеме Бугарите, заедно со другите шест, седум народи, рече вчера шефот на државата, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција во Скопје со претседателката на Косово, Вјоса Османи Садриу.

Пендаровски истакна дека на првиот состанок треба да се утврди динамиката на работа, колку состаноци се потребни, да се утврди редот во работата.

– Јас се надевам со оглед на тоа што е обврска, која ја знае генералната јавност и сите ние ја знаеме дека тука објективно нема многу работа. Не знам колку седници ќе им требаат, но факт е дека е добро што почнува таа постапка и добро е што ќе се одвива пред очите на јавноста, тука нема скриени агенди, некој да не се плаши дека ќе се направи нешто надвор од она што е веќе воведено во Преамбулата и во нормативниот дел на Уставот за сите останати етнички заедници. Разлика нема да има за Бугарите се разбира, нагласи претседателот на државата.

Ковачевски, пак, истакна дека работната група ќе биде транспарентна во работењето и оти тој лично верува дека министерот за правда редовно ќе информира за тоа како функционира таа.

Премиерот потсети дека согласно Преговарачката рамка усвоена од 27-те земји членки на ЕУ и Заклучоците на Собранието за прифаќање на европскиот предлог за отпочнување преговори на Северна Македонија со ЕУ, Владата преку Министерството за правда ја формираше работната група која треба да го изготви текстот на предлог-амандманите.

– Тие ќе работат според своите правни норми. Мислам дека денеска почнуваат со работа, ќе биде избран претседател и другата форма на функционирање на работната група. Таа ќе биде транспарентна како работи, изјави вчера Ковачевски одговарајќи на прашања по отворањето на Самит Македонија 2025.

Министер за надворешни работи Бујар Османи, пак, вчера во обраќањето пред АФЕТ нагласи дека по бројни предизвици на патот кон полноправно членство во ЕУ и неверојатни 22 години од потпишувањето на Спогодбата за стабилизација и асоцијација, Северна Македонија минатата година направила историски исчекор и ги започна преговорите за пристапување во ЕУ, кои означуваат почеток на новата и квалитативно највисока фаза во односите со ЕУ пред полноправното членство.

Шефот на дипломатијата, одговарајќи им на прашањата на бугарските европратеници Ангел Џамбаски и Андреј Ковачев за состојбата со бугарската заедница во земјава потсети на одржувањето на првата средба на работната група за уставни измени, а со тоа и дебатата за уставни измени.

– Ќе се обидеме да стигнеме до секој граѓанин и ќе се обидеме да објасниме дека овој процес е важен и за интегрирањето на заедниците, меѓутоа и за продолжување на патот кон ЕУ, но тоа нема да можеме да го направиме сами, за тоа ќе ни треба поддршка од вас, во смисла на вбризгување кредибилитет во процесот. Луѓето почнуваат да не веруваат веќе дека има сериозна намера овој процес да заврши успешно и тоа додава на фрустрациите, изјави Османи пред членовите на АФЕТ.

ВМРО-ДПМНЕ останува на ставот дека нема да учествува во групата, ниту пак ќе поддржи уставни измени во овој владин состав.

Претседателот на партијата, Христијан Мицкоски минатата недела изјави дека темата за уставни измени за ВМРО-ДПМНЕ е затворена.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со дел од партиската пратеничка група попладнево во 15:30 часот ќе оди на средба кај претседателот на државата Стево Пендаровски во вила Водно и ќе б

– Откако вистински експерти не прифатија да членуваат во работната група која ќе ги пишува амандманите, Ковачевски собрал луѓе кои ниту се експерти, ниту имаат искуство од областа, но затоа имаат сомнителни политички конекции, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Потпретседателот на Беса, Фатмир Лимани, пак, во емисијата „200“ на Алсат изјави дека партијата не е против вклучувањето на Бугарите во Уставот, но е против Албанците во највисокиот правен акт да се претставуваат со проценти.

– Ние не сме против вклучување на Бугарите во Уставот. Ние не сме против вклучувањето на секоја заедница во Уставот. Но ние сме против тоа Албанците да се претстават како 20 отсто. Албанците со преамбулата договорена со Охридскиот договор се државотворен народ. И во случај да не се избрише 20 отсто како дефиниција внатре во Уставот, Беса ќе гласа против, вели Лимани.

Од Министерството за правда нагласуваат дека списокот на работната група ќе се дополнува во наредниот период и со други членови кои ќе дадат свој придонес во подготовката на уставните измени.

На важноста на уставните измени вчера од Скопје укажа и заменик министерот за надворешни работи на Чешка, Мартин Кошатка.

– На вистинскиот пат сте. Сега е време да ги донесете уставните измени и да ја отворите вратата на вашето членство во ЕУ. Унијата е свесна за важноста на Западниот Балкан и за неопходноста да се продолжат евроинтеграциите, рече тој вчера на прес-конференција во Скопје.

Кошатка посочи дека вратите на ЕУ ќе бидат отворени доколку нашата држава ја отстрани блокадата со уставните измени во Собранието.

Предлагач на уставните измени е Владата, која го задолжи Министерството за правда да формира работната група. Работната група ќе има за задача да ја подготви предлог иницијативата за потребата од измени на Уставот на Република Северна Македонија. По изготвувањето предлогот ќе биде доставен до Владата која ќе треба да ја поднесе иницијативата во Собрание. Предлогот ќе ги помине сите работни тела во рамките на Собранието, а за усвојување на уставните измени потребно е двотретинско мнозинство.

По конститутивната седница, се очекува работаната група првиот работен состанок да го одржи следната недела.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close