Работничка во Крокус го препознала терористот по овој детаљ! Доаѓал 15 дена пред нападот и чудно се однесувал

Работничката Александра која е вработена во Крокус Сити, рекла дека неколку дена пред нападот видела еден од терористите во центарот. Таа дури и успеала малку да поразговара со него – и поставувал на Александра чудни прашања.

„Го памтам по јакната која ја носеше. Ми пријде неколку пати во рок од еден час. Ме прашуваше нешто нејасно, не се сеќавам точно што, бидејќи не зборуваше добро руски…Најмногу ме прашуваше за самото место“, рекла Александра за “Life.ru”.

По терористичкиот напад, Александра напаѓачот го препознала по јакната, по што во медиумите биле објавени негови фотографии.

На денот на терористичкиот напад во Крокус, момчето кое работело во гардероберот ги изнело посетителите преку службениот влез. После ова, успеал да побегне со девојката преку мостот во близина.

Потсетуваме, Басманскиот суд во Москва на 24-ти март на уапсените терористи им одредил казна од два месеци. Двајца од четворица напаѓачи се обвинети за тероризам и ќе служат доживотна казна

Back to top button
Close