Рација против неонацисти во Германија
„Хамерскинс Германија“, според проценките на властите, има околу 130 членови. Здружението работи против уставниот поредок воГерманија и против разбирањето меѓу народите, се вели во образложението на забраната. Освен тоа, како што се додава, целта и делувањето на здружението ги кршат законите во земјата.
На концертни собири на групата со десноекстремни идеи биле идеологизирани лица кои не се членови на „Хамерскинс Германија“. Членови на здружението се активни и на сцената на боречки спортови. Според наводи од безбедносни кругови, тие се нуделе како лица за обезбедување на десноекстремни собири.
Во подготовките на забраната сојузот и покрините соработувале една година. Соработка имало и со американските власти. Неонацистичката група е органок на групација од САД и во Германија постои од 1990-тите.
Ова е 20-та забрана за десничарска екстремистичка организација од страна на сојузното МВР. Меѓу десноекстремните организации кои се забранети во Германија во последниве години се вбројуваат и „Комбат 18“ и „Северен орел“.
Забраната е „голем удар против организираниот десен екстремизам“, изјави сојузната министерка за внатрешни работи Ненси Фезер. Ова испраќа „јасен сигнал против расизмот и антисемитизмот“. Десничарскиот екстремизам сè уште е „најголемата екстремистичка закана за нашата демократија“, оценува Фезер и додава: „Затоа продолжуваме да дејствуваме со сета одлучност за уништување на десноекстремните структури. (Дојче веле)