Рацин.мк: Јавната комуникација на Петар Богојески ја сметаме за недолична и агресивна

Порталот Рацин.мк реагира на однесувањето и на јавната комуникација на новопостевениот директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Петар Богојески, чии коментари ги оценува како недолични и спротивни на етичкиот кодекс на јавните избрани и именувани фукционери во однос на комуникацијата со медиумите.

Спротивно на стандардите и етичките принципи за комуникација со јавноста, Богојески продолжи со недоличната комуникација на социјалните мрежи, пракса додека беше партиски функционер.

 

Богојески веќе одамна се препознава по неговите шовинистички изјави, навредливи термини, говор на омраза, дезинформации.

Ваквата негова комуникација е насочена особено интензивно кон одделни медиуми, новинари, граѓански организации и граѓански активисти.

Портачот смета дека реакцијата е неопходна затоа што веќе е редовна пракса Петар Богојески и сега, како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност (НАЕОП), пишува коментари на социјалните мрежи на порталот Рацин.мк со навредливи содржини за медиумот. Овие коментари се најчесто објавувани во работното време, па оттаму зачудувачки е што наоѓа време токму тогаш да се занимава со новинарите и нивните медиумски содржини од позиција на директор на НАЕОП.

Рацин негово однесување  го оценува како притисок врз медиумите и врз слободата на новинарското изразување.

Дел од нив можете да ги видите и тука:

Богојески очигледно или не е поучен или одбива да биде поучен од претходните укажувања, па дури и санкции за ова негово однесување. Познато е дека тој пред три години доби отказ и од функцијата државен советник во Министерството за одбрана поради однесување спротивно на Етичкиот кодекс на вработените во министерството.

Претходно, за недоличната комуникација на Богојески, Мрежата за заштита од дискриминација побара повлекување на одлуката за именување на Петар Богојески како директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, поради неговите изјави со вознемирувачки говор, навреди и говор на омраза, како и постапки кои се спротивни на европските вредности.

Во врска со однесувањето на Петар Богојески, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, редакцијата на Рацин.мк испратила допис до Владата на Северна Македонија и до Министерот за добро владеење со неколку прашања за кои очекуваат одговор.

Реагирале и до Здружението на новинарите на Македонија, до Советот за етика во медиумите во Македонија, до Сојузот на синдикатите на новинарите на Македонија, како и до Делегацијата на ЕУ во нашата земја.

Back to top button
Close