Раде Трајковски-Штекли оди во затворот во Шутка – одреден му е притвор од 30 дена со уште девет лица
Притвор од 30 дена му е одреден на раде трајковски-штекли поради опасност од вегство, можност за повторување на делото и влијание на сведоци. со него, зад решетки одат уште девет лица кои се сомничат дека се дел од неговата група за расфрлање дрога по скопските улици.
„Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, постапувајќи по предлог на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција за определување мерки за обезбедување присуство против група, осомничена за Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори согласно член 215 ст.3 вв со ст.1 од КЗ, кои во текот на вчерашниот ден беа спроведени во судот, донесе решенија со кои:
Предлогот за определување мерка притвор против : Р.Т., П.З., Д.Т., В.В., А.В., Д.Џ.Х., С.С., С.М., К.К. и Ф.Р. го прифати и им определи мерка притвор во траење од 30 дена, а заради постоење основните од член 165 ст.1 т.1, 2 и 3 односно, Опасност од бегство, Околности кои укажуваат дека може да ја попречи истрагата со влијание на сведоци и Повторување на делото.
Воедно, прифатен е и предлогот за определување на мерка притвор против две лица кои се недостапни за органите на прогон, а притворот почнува да се спроведува од нивно пронаоѓање односно лишување од слобода“, вели Кривичен суд