Радев: Борисов се сокри од претседателските избори во Бугарија

– Пред пет години Бојко Борисов се криеше под здолништето на Цецка Цачева, а сега се крие под тогата на ректорот на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“, ја искоментира денеска бугарскиот претседател, Румен Радев, номинацијата на ректорот проф. Анастас Герџиков за претседателски кандидат и се уште непотврдената поддршка од ГЕРБ, јави дописникот на МИА од Софија.

Радев ги коментираше вестите за влегување на проф. Герџиков во изборната трка за време на неговата посета на Специјализираната болница за рехабилитација на деца „Света Софија“, која доби донација од добротворната хуманитарна иницијатива „Бугарски Божиќ“ – апарат од најновата генерација на роботика – помошна локомоторна терапија.

Back to top button
Close