Радев до Орбан : Да ги убедиме нашите браќа во Македонија за промена на Уставот
Бугарскиот претседател Румен Радев ја повика Унгарија да ја убеди Северна Македонија оти промената на Уставот и европскиот консензус по однос на ова прашање се неотповиклив услов за членство во Европската Унија.

Ваквиот повик Радев го упатил на денешната средба со унгарскиот претседател Тамаш Сујок, велејќи дека вековните историски и културни врски меѓу Унгарија и Македонија се одлична можност за продолжување на конструктивниот дијалог по однос на ова прашање.
„Ја повикав унгарската страна, која има растечки пријателски односи со Северна Македонија, да ги убеди нашите браќа дека промената на Уставот и европскиот консензус се неотповиклив услов за членство во ЕУ“,порачал Радев.
За време на средбата во Софија, двајцата претседатели, меѓу другото, разговарале за ситуацијата на Западен Балкан и за проширувањето на Европската Унија. Во оваа смисла Радев нагласил дека Бугарија ги поддржува своите соседи на европскиот пат, но инсистира проценката за пристапување да се прави врз основа на заслуги.