Радев: ЕУ да воведе мониторинг за правата на Бугарите во Македонија

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека на вонредниот состанок на Европскиот совет, денеска и утре во Брисел, ќе го отвори прашањето за, како што рече, зголемената агресија и антибугарската кампања која, според него, се води во Македонија. Тој додаде дека ќе побара од ЕУ да воведе мониторинг за да се гарантира почитувањето на правата на македонските Бугари.

„Очекувам категорична и институционална реакција од властите во Македонија и итни активности за откривање на сторителите. За жал, во моментов не гледам политичка волја и има неусогласеност меѓу политичките амбиции и заложби на РСМ и реалноста во која живеат македонските Бугари таму. Негирањето на постоењето на овие проблеми само го одложува решението, доведува до чувство на неказнивост, а само стимулира злосторства од омраза“, рече Радев.

 

Back to top button
Close