Радев ги повика граѓаните на масовна излезност на изборите

 Актуелниот претседател на Бугарија, Румен Радев, кој се бори за втор мандат, го повика народот на целосна мобилизација.

Како што јави дописникот на МИА од Софија, Радев смета дека пред пет години победиле тој и луѓето затоа што биле мотивирани. „Ние сме вистинските”, рече Румен Радев.

Тој повика да не се дава шанса на минатото за да ја поткопува иднината и бугарските гласачи да се организираат и денеска сите да најдат 15 минути „за да не се изгубат пет години од иднината”.

„Одговорноста кон Бугарија е одговорност кон нашите сопствени животи”, рече Радев и ги повика граѓаните на Бугарија сами да си ја одредат својата судбина и иднина, а не да дозволуваат другите да го прават тоа наместо нив.

Back to top button
Close